Роберт Блажески (50 г.) е роден во Скопје, но на десетгодишна возраст со својата мајка и брат заминува во Америка каде што веќе 5 години е неговиот татко. Таму ќе заврши средно образование, но ќе се врати во Скопје каде што ќе дипломира на Медицинскиот факултет. Во знак на благодарност, семејството Блажески ќе донира библиотека медицинска литература на Медицинскиот факултет, во вредност од околу 50 илјади долари.
По една година волонтирање на хируршката клиника, во 1993 г. Роберт, сепак, ќе заплива во бизнис-водите заедно со брат му, кој откако ќе заврши Машински факултет, се враќа во САД. Стартот ќе им биде со увоз на месо, па ќе се прошират во областа на транспортот со контејнери. Ќе инвестираат и во најголем фрижидер за месо или комора во Македонија тоа време, лоциран зад А1 телевизија. Со неколку партнери од Америка, пак, Македонци по потекло, во 2002/2003 година ќе станат и сосопственици на хотелот „Дрим“, хотелот „Београд“ и кампот АС во Струга. Една година подоцна ќе влезат и во „Јака табак“ од Радовиш, откупувајќи ги и акциите на фамозниот газда Нини. И од тука, од „Јака табак“ и ќе почне нивната голгота низ судските лавиринти.
Ексклузивно за „Фокус“, Блажески открива како владата на Груевски им го сотре бизнисот, раскажува и детали за рекетот, но и како донаторите со каса-прими на ДПМНЕ завршуваат во затвор, сведочи за лагите на Јанкулоска, објаснува зошто смета дека судството ја уништи државата. Единствената придобивка од груевизмот ја гледа во тоа што, благодарение на тоа што со години е по судските процеси како сведок или обвинет, тој како дипломиран доктор наскоро ќе магистрира на Правниот факултет во Скопје.
Разговараше
Јадранка КОСТОВА
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”