Милошоски целосно го партизираше МНР, а Попоски го доведе до ниво на апсурд!

by fokus

Македонската дипломатија е падната и зацементирана на срамно дереџе. Скандали, резили и гафови ја следат со години. Партизацијата и инсталирањето семејни линкови ја доосакатија.

Како надвор – во дипломатско-конзуларните претставништва, така и дома – во МНР. Елитната државна служба стана и остана биртија. Колку пати само црвенеевме од срамни вести за скандали на пијани македонски амбасадори, за тепачки по амбасади, за љубовни афери, злоупотреби на службени возила, за кражби…

Уникатен беше резилот на македонската амбасадорка во Хрватска, Даниела Караѓозовска – онаа што го накити службениот „пасат“ со плишани мечиња и роденденски честитки за ќерката. Да беше барем единствената по своето глупирање.

Имаше и еден дипломат во Брисел кого го следеше афера дека се зафатил со шверц на гуми…

Пишува
Стојанка МИТРЕСКА

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”