Последните неколку години не поминува ден без на социјалните мрежи да се појават нови апели за собирање пари за деца болни од церебрална парализа, мултиплекс склероза, рак на коските, тумор на главата, вродена срцева мана, за што се потребни илјадници евра, а семејствата не можат да ги обезбедат.
Во тој период на гнев и револт, кога детски живот е во прашање, социјалните мрежи вријат од обвинувања на адреса на државата и локалните власти кои фрлаат од 5 до 10 милиони евра за барокни згради, споменици, фонтани или, пак, носат пејачи од соседните држави за суми од 50 до 80 илјади евра за да ги забавуваат за новогодишните прослави или за време на илинденските и велигденските празници.
Колку само малку вреди човечкиот живот во Македонија?
Пишува
Ирена МУЛАЧКА
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”