Македонските дозволи не важат во Германија зашто немаме возачка култура!

by fokus

Македонците што живеат и работат во Германија далдисаа од чекање, Македонија да ги спроведе европските стандарди што ги бараат властите на оваа западноевропска земја за да ја признаат македонската возачка дозвола, која на гурбет може да се користи само шест месеци, откако е пријавен престојот во земјата.

Германија не ги признава возачките дозволи на оние странски државјани што престојуваат во земјата, а чии матични држави немаат потпишано договор или декларација која го регулира ова прашање.

По истекот на рокот од половина година, Македонците се принудени повторно да полагаат возачки испит, а за германскиот документ, сосе часовите за обука, треба да платат 2.000 евра. Со овој проблем најмногу се соочуваат младите кои во последниве неколку години масовно почнаа да ја напуштаат Македонија.

Пишува
Стојанка МИТРЕСКА

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”