Македонија е школски пример за насилство во политиката

by Фокус

Борис Буден е политички филозоф, критичар на културата и преведувач. Студирал филозофија во Загреб и докторирал на универзитетот во Берлин во областа на Културната теорија на Хумболт.

Во текот на 90-тите години на минатиот век е еден од уредниците и публицисти во списанието „Аркзин“ во Загреб. Неговите есеи и текстови покриваат теми од филозофијата, политиката, до културната и уметничката критика.

Меѓу неговите преводи на хрватски јазик се вбројуваат и две значајни книги од Сигмунд Фројд. Буден е автор на неколку книги: „Барикади“, „Шахтата од Вавилон“, „Дали културата е преводлива“, „Вавилонска јама“…

Во моментов, Буден е професор на Факултетот за дизајн и уметност „Баухаус“ на Универзитетот Вајмар. Тој живее и работи во Берлин. Буден не испушта можност да го посети Скопје и да ги пренесе своите нови искуства преку предавања за своите верни слушатели.

Овојпат предаваше за насилството, или конкретно на тема „Насилството во постисториското доба“. Зборувајќи за насилството, Буден спомена дека некогаш, кога историјата постоеше, насилството било согледувано како нешто што е поттикнато од општествените конфликти и објаснето врз основа на политички причини.

Тоа биле времиња кога војната сѐ уште беше „продолжение на политиката со други средства“. Денес, кога се зборува за насилството, повеќе станува збор за логика обликувана од културата, која креира своевидно „рационално“ насилство.

Значи, според Буден, насилството е наша современост и ја обликува иднината.

Разговараше
Љубиша АРСИЌ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”