Македонија е мојата најважна партија, вера и нација!

by Фокус

Стево Пендаровски ја сака Бети, гитарата, ужива да спортува по малку, сака да гледа кошарка, да помине време со другарите, политиката ја дефинира како нужност без која не се може. Не затоа што ја обожава политиката, туку затоа што, како што самиот вели, доаѓаат моменти кога сте ѝ потребен на својата држава. „Ова е еден од тие моменти“, вели Пендаровски, човек за кого секојдневието е исполнето секогаш, брзо и динамично.

Додека растел, учел, студирал, и подоцна кога влегол на работа во МВР, па потоа како советник на двајца македонски претседатели, а сега професор и претседателски кандидат, имал желба да живее во една фина, сталожена, здодевна држава!

Како инсајдер на многу предизвици низ кои се наоѓала Македонија, денес вели дека на моменти не може да поверува што сѐ не ѝ се случи на државата во последните 5 години.

„Никогаш не верував дека ќе бидеме заробеници на сопствените фрустрации, дека ќе дојдеме до ситуација да се делиме партиски, да затвораме медиуми, да ја урнисуваме економијата, а корените да ги враќаме 2.300 години наназад“, вели Пендаровски.

Разговараше
Младен ЧАДИКОВСКИ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот “Фокус”.