Столбот на срамот во минатото бил еден од основните облици на казнување. Во 13 век се користел за казнување на оние лица кои сториле дела против честа и моралот.
Казната се спроведувала на тој начин, што виновникот се врзувал за столб на некој од градските плоштади и станувал предмет на подбивање, исмејување и други облици на стигматизирање.
Доколку, пак, виновникот извршил потешко дело, тој бил и камшикуван и каменуван.
По извршувањето на казната, виновникот го губел угледот и статусот во својата средина, односно повеќе не можел да учествува во општествениот живот.
Денес, пак, столбови на срамот треба да има колку што има споменици на градскиот плоштад во Скопје, ако не и повеќе.
Пишува
Валентина ВУРМО
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”