На почетокот на овој век, Македонија беше локомотивата која силно го влечеше целиот Западен Балкан кон Европа.
Потоа, се појави уште една локомотива, Хрватска, која веќе стигна во Брисел. „Вагоните“ Србија и Албанија, за Косово збор не станува, воопшто ги немаше на пругата. Како годините врвеа, особено последните пет-шест, македонската локомотива полека стануваше „Пампурче“ и бидна „фенерџија“.
Другите нѐ претркаа. Умно „шибаат“ кон Европа. За Македонија пругата на кај Брисел исчезна. Со оваа влада и власт, нема веќе ниту вагон, ниту шини. На „слепиот колосек“ заглавен во тунелот без излез, останаа само дрвените прагови. Како спомен на залудно потрошеното и прокоцкано време. За надежите и илузиите, ич збор не станува!
Пишува:
Александар ДИМИТРОВ
Целиот текст може да го прочитате во бројот 950 од неделникот “Фокус”.