Кетмански реформи

by Фокус

Целосно се потврдија сомневањата дека владеачката елита во Македонија не сака демократија и затоа не ги исполнува преземените и ветени обврски за спроведување структурални реформи.

Констатацијата беше потврдена неодамна и во Европскиот парламент во дебатата за усвоената Резолуција за Македонија.

Кога се зборува за реформи во безбедносните служби, тие во изминатиот четвртина век се сведуваа на фингерај од најчист вид. Кетмански реформи.

Се донесуваа стратегии без вистинска цел и визија. Притоа, секогаш постоеја правни рамки, но немаше практична операционализација.

Македонската јавна и тајна полиција продолжија да функционираат во стилот „волкот го менува влакното, но не и табиетот“.

Пишува
д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”