282
Се крстиме во Специјалното јавно обвинителство и со сиот оптимизам очекуваме дека тимот на Јанева, и покрај сите спрепки, притисоци, уцени и закани, ќе успее и ќе подготви издржани обвинителни акти.
Сите сакаме да издржи и да успее, зашто свесни сме како загрижено граѓанство дека тоа е претпоследното скалило на разврската.
Во спротивно, ако пак тие, противниците на Специјалното обвинителство, успеат да ја свиткаат и да ја исфрлат од игра Катица Јанева, се плашам дека ќе дојдеме до последното скалило – Специјалниот суд за злосторства против човештвото.
А, тоа му доаѓа нешто слично како предлогот за „шмајзерот“ ‒ на онаа брлива адвокатка, деее!
Пишува
Ана ПАНОВСКА
Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”