Каква држава, таков Претседател, а и годишно обраќање!

by Фокус

На годинешново обраќање на д-р Ѓорге Иванов, претседател и Врховен командант, но и професор, сопруг на Првата дама и татко на Првиот син, претходеше помпезна и нескромна Пиар-офанзива на кабинетските брифери, но и на провладините трабанти.

Демек, во годинава што изминува, Шефот на државата имал набиена агенда и му била најактивна.

Во „книговодствено-статистички“ стил, нѐ удостоија и „израдуваа“ со податокот дека тој се сретнал, но на маргините и неформално, ни повеќе-ни помалку, туку точно со 149 странски државници (домашните „државници“ ги занемарија), а што сам, што со сопругата, па дури и со синот, посетил 31 „странска држава“ (?!), заборавајќи да спомнат дека само една-две официјално.

Дури и онаа во Ватикан!

Згора на ова, учествувал на само 12 меѓународни самити. Да, и дека имал 30 исклучителни активности (сѐ ни се чини беа 32) во врска со бегалската и мигрантската криза, но и за намалување на безбедносните ризици.

Уф, за малку ќе го заборавевме Пустец.

Иванов бил првиот македонски претседател што го посетил.

Пишува
Александар ДИМИТРОВ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”