Каде исчезнаа донаторите за изборната кампања на ВМРО-ДПМНЕ!?

by Фокус

Да прашаш за партиските пари и за партиските донации е исто како да прашаш што ручале дента административците, директорите, министрите и основачите на невладиниот сектор.

Секој што се обидовме да го прашаме за донацијата што ја дал за кандидатот или за партијата, а кој фигурираше на јавно објавените списоци на донатори за претседателските и за вонредните парламентарни избори, се бранеше како небаре да сме му брцнале во џебот, па и ние бараме донација.

Партијата на власт станува сѐ поитра во овој поглед. По дупката од 3,3 милиони евра од 2011 година, а и по бламажата кога се појавија лица кои изјавија дека се ставени на листата на донатори, а всушност никогаш не донирале, сега донациите се водат само на име на „членарини“!

Пишува
Мери ЈОРДАНОВСКА

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот “Фокус”