Ја чуваат Македонија за да не ја продаде некој за странски пари, за оние што веќе ја купија за себе со наши пари!

by Фокус

Убеден е некој од оние кои се навикнале да го сакаат Грујо да престанат да го сакаат Грујо, или од оние кои се навикнале да му веруваат на СДСМ да престанат да му веруваат на СДСМ? Не.

Што и да направи едната или другата страна, нивните верни фанови ќе најдат начин да ги оправдаат употребените средства, ако тие се убедени дека сега се барем и чекор поблиску до целта.

Едните ќе се поклонуваат пред својот омилен диктатор додека фрлаат камења кон диктаторот што не го чувствуваат за свој, додека другите ќе ја бранат Македонија од политичарите за кои веруваат дека се спремни да ја продадат на туѓинци за странски пари, не гледајќи дека со тоа им служат на политичарите што Македонија веќе ја купија, сосе фабрики, рудници, ниви и луѓе, за себе, а со наши пари.

Пишува
Нено БОГДАН

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”