Иванов е вистински државник, се „држи“ за Груевски!

by Фокус

Чудна симболика, својствена на тегобното и црно дереџе на кое спадна Македонија. Ден кога почна Европскиот совет во Брисел, на кој по шести пат не добивме ништо оти напредуваме само – во назадувањето!

Ист ден кога неговиот идол, рускиот претседател Владимир Путин има тричасовна средба со речиси 1.200 новинари. Само ден по „Маршот на црвените чадори“, во Собранието смело „вмаршира“ Ѓорге Иванов, Врховен командант на вооружените сили, во слободно време, и старо-нов Претседател на Република Македонија.

Како да дојде во духот на пораката на Живков до бугарскиот космонаут: „Нарани кучета и не чепкај копчета“. „И одржи говор“. Сѐ одеднаш се претвори во една прекрасна и незаборавна бајка „Собрани-јада“.

Пишува
Александар ДИМИТРОВ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”