„Ние тука сме во еден процес на брутално уништување на сѐ што е наше минато, на сето граѓанско, на сѐ урбано.
Јас со тоа не се согласувам, не сакам да дозволам руралното, турбофолкот, примитивизмот да го уништи овој простор до крај“, објаснува Наум Пановски, режисер кој верува во граѓанскиот концепт, а жестоко се спротивставува на сѐ што е диктат.
Од Америка, каде што живее веќе две децении, дојде во родниот град Скопје за да биде дел од граѓанските протести.
Или, како што вели професорот што предава на неколку универзитети во Вашингтон и во Њујорк, тука е за да види „што можеме сите заедно да направиме ова зло што поскоро да го пратиме на ѓубриштето на историјата“.
Разговараше
Јадранка КОСТОВА
Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”