Кривичните пријави нема да ја спречат вистината за кумановската војна

by Фокус

Новинарската истрага за настаните околу кумановската војна предизвика реакции во Агенцијата за разузнавање, од каде што најавија кривичен прогон против тие што наводно го откриле идентитетот и фотографијата на припадник на Агенцијата за разузнавање, кој според косовските медиуми контактирал со вооружената група пред настаните во Куманово.

На удар се најде ТВ Алсат и главниот уредник Мухамед Зекири. Но, тој вели дека ТВ Алсат ниту еднаш не го објавила името и презимето на разузнавачот, ниту, пак, ја објавила неговата фотографија.

Иако најавата за кривична пријава ја чувствува како притисок, сепак, нема да престане да истражува, туку, како што вели, „паниката што владее во Агенцијата за разузнавање само ми потврдува дека има нешто што сакаат да скријат за случајот Куманово“

Пишува
Валентина СТОЈАНЧЕВСКА

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”