Премиерот Никола Груевски, по „триумфалните“ посети на Новаци, Младо и Старо Нагоричане, Цапари, Студеничани, Добромирци, Порој, преку Мала Речица… се најде на „Ист Ривер“.
Во „Големото Јаболко“. Претходно, удостојуваќи ги со неговото присуство Колумбус, Њу Џерси и Хартфорд.
Прекрасна, чудесна симболика во „вечна“ Македонија. Говорот на Груевски, овде, во Скопје 2014, се одбележа со оградување и почеток на работите на (кич) споменикот на Мајка Тереза, кој ќе го платиме сите ние некои „ситни“ 6-7 милиони евра.
Да, и со симболично сечење на последните стари дрва во центарот на градот. Што некако му доаѓа како „принесување на жртва“ во чест на „Татко Пастир“
Пишува
Александар ДИМИТРОВ
Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”