Градоначалник со многу имот и голем приватен бизнис

by Фокус

Слободно може да се каже дека градоначалникот на Крива Паланка е еден од најбогатите функционери во земјава, разбирливо, ако се земе во обѕир содржината на неговиот анкетен лист.

Неговите две компании во кабловскиот бизнис, во кои е целосен или делумен сопственик, дошле во допир со судот еднаш, порано, во прекршочна и сега, во кривична постапка.

Паралелно со тоа, тој дошол во судир и со некои вработени, при што со едниот од нив е средена работата, додека со другиот сѐ уште трае постапката низ повисоките инстанци.

Ако кон тоа се додадат приказните што го поврзуваат со компании на негови пријатели кои дејствуваат во градот со кој управува, тоа е повеќе од доволно да ги поставиме и да се обидеме да ги одговориме прашањата: кој е градоначалникот на оваа мала општина, колку изнесува неговото богатство и како ја врши градоначалничката функција?

Пишува:
Влатко СТОЈАНОВСКИ

Целиот текст може да го прочитате во бројот 955 од неделникот “Фокус”.