Истражување: Авантурата на Т-Мобиле во Македонија

by Фокус 13:42
13:42

Во САД, долгата истрага и обвиненијата за корупција против Дојче телеком и Маѓар телеком завршија со вонсудска спогодба со која платија вкупно 95 милиони долари.

Овој случај се темелеше и на документи за тајни договори меѓу Владата на Македонија и Маѓар телеком, со кои преку кршење на македонските закони, се зачувува неговата привилегирана позиција на пазарот со недавање лиценца на трет мобилен оператор.

- Advertisements -

Обвинителите од САД открија голем број детали на шемата како се вршени коруптивни исплати на македонски функционери, со префрлање 24 милиони евра за дваесетина сомнителни договори преку компании од Кипар.

Но, и по пет години, ниту еден од македонските политичари посочени во документите во САД, во Македонија никогаш не бил под истрага во врска со аферата за Телеком.

Кај нас обвинети се само четири лица, и тоа сите странски државјани. Американските обвинители изгледа завршиле половина од работата откривајќи кој ги исплатил средствата и зошто. Нивните колеги од македонското судство сè уште треба да одговорат – каде завршија парите?

Пишува:
Горан РИЗАОВ

Целиот текст може да го прочитате во бројот 955 од неделникот “Фокус”.