Копретседавачот на заедничката македонско-бугарска комисија Драги Ѓоргиев е дециден дека нема да има никакво попуштање на бугарските максималистички барања околу националниот идентитет. Сепак, предупредува дека на историската комисија ѝ се дава многу поголема улога отколку што првично било планирано.
Тој во разговорот за „Фокус“ потсетува дека се работи за експертско и политички независно тело, на кое со замена на тези му беше наметнато да носи политички одлуки.
И покрај нападите и прозивките од неговите бугарски колеги, Ѓоргиев смета дека преговорите треба да продолжат и дека комисијата досега има направено резултати. Повикувајќи се на европски и светски искуства со слични комисии, тој вели дека се работи многу побрзо од очекуваното.
Признава дека во периодот до 1989 е вршено селективно идеолошко толкување на историјата од наша страна, но не смета дека и Бугарите биле многу подобри по тоа прашања. Ѓоргиев е убеден дека по 75 години постоење македонска држава, националниот идентитет на Македонците не може да биде загрозен никако и од никого
Разговарал
Дејан АЗЕСКИ
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК