Денес има американско државјанство, но не заминал пред 15 години од Македонија поради „невозвратена љубов“.
По серија закани и уцени од власта, дури и со оружје од телохранители на премиерот, Зоран Ивановски добил азил во САД.
Сопственик е на неколку компании таму. Работи на ископување на нафта, моментално во Њу Орлеанс на браните на Мексиканскиот брег.
Сепак, срцето му е во Македонија, па секојдневно преку социјалните мрежи се јавува со жестоки критики или иронични забелешки за состојбите овде.
Вели дека секогаш бил политички активен, но не бил член на партија. „Како вас од „Фокус“ сум“, ми ја опиша неговата позиција.
Инаку Ивановски е роден битолчанец, магистрирал на „Алтернативни извори на енергија – ветерни фарми и микро хидроцентрали“.
Докторатот, пак, му е за „Нуклеарен реактор во Македонија. Токму во овие области, доколку биде повикан, би се вратил тука „со првиот авион“.
Разговараше
Јадранка КОСТОВА
Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”