Гласачите веќе ниту една партија не може да ги зема здраво за готово. Ако поразот во Аеродром и во Битола не го освести Грујо, ако катастрофата во Карпош не го освести Стевчо, ако бламажата во Чаир не го освести Ахмети, ако заостанувањето за 15 илјади гласови во целина зад ВМРО-ДПМНЕ не го освести Заев, тогаш црно им се пишува на сите споменати „крупни“ политички играчи.
Воедно, ако од начинот на кој потона ДПА или, пак, не мрдна од место во број на гласови коалицијата „ВМРО за Македонија“ не извлечат никаква поука лидерите на малите партии, и ним црно им се пишува.
Ама, па, кој ги врти нив и нивните страдања и премрежја кога на граѓаните им е супер по овие избори.
Пишува
Нено БОГДАН
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”