Дали Брисел и Вашингтон им дадоа „зелено светло“ на Груевски и Ахмети за диктатура?

by Фокус

Совет и предупредување. Ако сета оваа играрија околу изборите на 24 април без претходно исполнување на сите други суштински услови и рокови од Договорот во Пржино, е пред сѐ заради бегалската криза, тогаш еврокомесарот Јоханес Хан и оние кои мислат и се однесуваат слично на него, нека внимаваат.

Многу реално можно е, кај да е, но наскоро, Европа да се соочи со уште еден бран бегалци. Повеќе од 1 милион луѓе. Како од каде?

Па од Македонија. Ќе бегаат од „меката диктатура“ на Груевски, но и на Ахмети, кои тој засега сесрдно ги поддржува.

А ако тоа го прави и Европската комисија, определувајќи се за стабилност наместо за демократија, е тогаш на Македонија и на сите нас ептен црно ни се пишува. Особено ако не успееме да ја спасиме Македонија.

Без оглед на најновиот преродбеничко-антички хит. Демек, „Само Сонцето е постаро од Македонија“! Ц, ц, ц…

Пишува
Александар ДИМИТРОВ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”