Антидискриминатори со дискриминаторска практика

by Фокус

На 20-от кат во една од највисоките скопски згради, онаа на МРТВ е сместена македонската Комисија за заштита од дискриминација. Нејзиниот назив многу јасно кажува што треба да работат шесте члена што ги предводи Душко Миновски, државниот советник во Министерството за труд и социјала.

Ако се погледне онлајн-анкетата на сајтот на Комисијата, најголем број граѓани на Македонија, повеќе од 86 проценти сметаат дека во државава има дискриминација.

Меѓутоа, доколку се проверат извештаите на медиумите и самата интернет-страница на Комисијата, не може да се заклучи дека Миновски и колегите се растрчани на сите страни и дека ги решаваат проблемите.

Кога ќе згрешат критичките медиуми и опозицијата, антидискриминаторите експресно си ја вршат работата, меѓутоа кога во прашање е министер или „пријателски“ медиум, Душко Миновски и неговите колеги одлучуваат да молчат. И тоа го прават спротивно на законот!

Пишува
Владо АПОСТОЛОВ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот “Фокус”