Украина расчеречена меѓу исток и запад, Македонија меѓу село и град!

by Фокус 19:17
19:17

Доколку провладините трубадури бараат пријателски настроена околина, можат своето утринско кафе да го пијат во едно село во непосредната близина на Скопје, каде што убедливо победи ВМРО-ДПМНЕ.

Станува збор за селото Бардовци, опфатено со две избирачки места, она со број 2653 и она со број 2653/1, каде што СДСМ не е ниту втора, туку е трета по ред според добиениот број гласови!

- Advertisements -

Имено, за ВМРО-ДПМНЕ гласале вкупно 549 избирачи, ГРОМ привлекол 275, а СДСМ само 200 гласачи. Значи, тоа е изборот на Бардовци: ВМРО-ДПМНЕ и ГРОМ.

Затоа, токму Бардовци е совршената дестинација за сите провладини новинари, експерти и нови коалициони партнери, каде што сите тие би се чувствувале како свои меѓу своите.

Пишува
Нено БОГДАН

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот “Фокус”