Гледав документарен филм за семејно насилство направен од актери, од нашите северни соседи. Филмот заврши со потресен заклучок дека речиси секоја трета жена во тоа општество е жртва на насилство, веројатно слично како и кај нас.
Какво ли е тоа општество во кое секоја трета жена трпи насилство, во кое насилството е присутно како „домашно животно“? Зошто токму насилството стана главно обележје на Балканот? Дали ни е тоа генетски кодирано, како природен начин на уредување на нашите односи?
Можеби најдобар пример за нашето институционално насилство е „Скопје 2014“, спроведено врз сите свесни и разумни граѓани, кои сѐ уште имаат сила да го видат и препознаат атакот на државата врз единката. Намерата на институциите на оваа власт е да ги отапат, избледнат и да ги уништат сите спомени и чувства за припадност, историја, култура, уметност и наследство, како најголеми непријатели на нивниот институционален терор.
Пишува
Синоличка ТРПКОВА
Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот “Фокус”