Фокус дознава: Во понеделник бил разрешен шефот на кабинет на Сали

by Fokus

Меритон Чивули, шефот на кабинет на актуелниот министер за здравство Беким Сали во понеделникот бил разрешен од функцијата, неофицијално дознава „Фокус“.

Информациите ги потврди и Сали, кој официјално не ги кажа причините за разрешувањето.

Пред неколку месеци „Фокус“ во неделникот објави дека сега веќе поранешниот шеф на кабинет на дел од директорите на болниците им праќал списоци со имиња и презимиња на вработени Албанци, кои требало да се стават на раководни позиции во дел од болниците.

Нашите извори тврдеа дека списоците не се испратени како официјален документ, туку на некои од апликациите како „whatsapp“, преку кој била испратена порака и цел список со имиња и презимиња на вработени Албанци, кои требало да се стават како раководители на одделенија и главни сестри. Станува збор за веќе вработени внатре во болниците.

Многу низок е опфатот на Албанци на раководни позиции во болницата“, гласела една од пораките.

Сепак, дел од директорите се уште го пролонгираат времето, па со тие со кои разговараше „Фокус“ тврдат дека на некој начин од тие причини се соочуваат со одредени притисоци.

Јас не можам да сменам толку луѓе колку се бара од мене. Не станува збор за мала бројка. Плус на тие позиции се поставени луѓе, кои си ја знаат работата.

 

Затоа пак сега за многу работи чекаме подолг период за потпис, бидејќи се уште не сме го испониле тоа што се бара од нас“, тврдеше директор на болница, кој сакаше да остане анонимен.

Чивули, кој по професија е електроинжињер на оваа функција дојде откако Сали седна на министерското столче.

Ирена Мулачка

 

Поврзани новости