Јанчев го прослави 41-от роденден

by Fokus

Кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, кој вчера наполни 41 година, како изненадување добил три роденденски торти. Првата од најстариот син Никола, втората од вработените во општината, а пак третата од сопругата Веселка и семејството.

Како што открива за „Фокус“, роденденот го прославил дома, со фамилијата, сопругата, синовите Никола и Стојанче и ќерката Мила.

-За мене, ова е животот, вели тој, за вечерта помината со најблиските. Семејството не е само приоритет, туку е се, и кога сме собрани сите заедно, во една весела атмосфера, се гледа целиот смисол на животот. Ништо друго не може да се мери со овој благослов – раскажува Јанчев.

Тој го добил првиот син на 22 години, а потоа на 23-годишна возраст по ненадејната смрт на неговиот татко, кој беше основач на семејната компанија „Кожувчанка“ дојде на функцијата управител. Соочен со голема одговорност и професионални предизвици уште во рана младост, тој никогаш не криел дека поддршката од семејството секогаш му била најголем двигател и мотив да оди напред.

-Ги прифатив и се справувам со сите професионални и животни одговорности, секогаш воден од помислата дека фамилијата е покрај мене. Благодарен сум за најголемиот дар кој го имам, а тоа е семејството – вели градоначалникот.

Вики Клинчарова

Поврзани новости