Флекенштајн: Не ми ја допирајте таа рана, никогаш повеќе нема да ве наречам Северни Македонци!

by fokus

Европратеникот Флекенштајн во интревју за НОВА ТВ рече дека направил грешка што во едно писмо до ЕУ Македонците ги нарекол Северни Македонци и тоа било од недоволно познавање.

-Не ми ја допирајте раната! Да, ја направив таа грешка. Моја цел не беше да повредам било кого но беше само од недоволно познавање. Но сега и до крајот на мојот живот знам дека сте Македонци, Македонци а не јужни, источни, западни Македонци, изјави Флекенштајн.

Тој рече дека и тој е малку разочаран што датумот е за идната година, но сепак дека и самите подготовки за почнување на преговорите вообичаено траат половина година.

Поврзани новости