Јужна Кореа ја исфрли Германија од Светското првенство во фудбал

by fokus
Светскиот шампион Германија испадна од фудбалскиот Мундијалот во Русија.
Фудбалерите на Јоаким Лев претрпеа сензационален пораз со 0:2 од Јужна Кореја во последниот натпревар во групата „Ф“ на Светското првенство во Русија. И двата погодоци беа постигнати во дополнителното време – во 93-та Јонг-Гвон Ким беше прецизен за 1:0, а во 96-та Сон Хун-Мин го оформи крајниот резултат.
Германците имаа потреба од победа, но и така и не успеаја да го совладаат расположениот голман на Јужна Кореја.
Светските шампиони од 2014 останаа на последното четврто место во групата со три бода.

Поврзани новости