Нивната загуба е и наша, сочувство до семејствата на сите загинати, се огласи семејството на момчето што уби свои соученици во училиштето „Рибникар“

by Fokus

По повеќе од дваесет дена семејството Кецмановиќ упати сочувство до сите семејства на жртвите од пукањето во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград, што го изврши нивниот малолетен син.  При тоа загинаа девет деца и чуварот на училиштето.

„На тој 3 мај завладеа вечна тишина во која неми од неизлечива болка и тага секојдневно плачеме за секое невино дете што загина и за Драган кој со толку љубов се грижеше за децата. Длабоко и искрено жалиме и упатуваме сочувство до секое семејство за нивната загуба, што е и наша загуба. Вечно во тага“, соопшти семејството на момчето, пренесува „N1 Белград“.

Тринаесетгодишното момче 3 мај упадна во училиштето „Владислав Рибникар“ во Врачар и уби осум ученици и чуварот на училиштето, а шестмина од нив беа ранети. Пред неколку дена на повредите им подлегна уште едно дете, со што бројот на загинати е десет лица.

Момчето пукало од пиштолот на татко му, а потоа повикало полиција и пријавил што направил.

Поврзани новости