Цаца Николовска: Со измените на Уставот не се нарушува македонскиот идентитет

by Fokus

Со внесувањето на Бугарите во Уставот не се нарушува идентитетот или пак да има некакво редефинирање на државата, изјави Маргарита Цаца Николовска, претседателка на работната група за уставни измени во емисијата на „Тв21“ Таа рече дека целта на уставните промени е исполнување на преземените обврски од Преговарачката рамка за членство во Европската унија.

„Прашањата дека со Преамбулата ќе дојде до промена на идентитетот на македонскиот народ, редефиниција на уредувањето, бинационална држава, мислам, се прашања кои што само се со цел да поттикнат нешто кое што во овој момент не ни е потребно. Во овој момент на Македонија како држава и е потребно да работи на остварување на стратешката цел, она што е да се влезе во Европската унија“, рече Цаца Николовска.

На прашањето дали со уставните измени ќе се исполни барањето на дел од партиите на Албанците во земјава за отстранување на формулацијата 20 проценти, Цаца Николовска, одговори  дека тоа прашање не е во мандатот на работната група.

„Тоа не е мандат на оваа работна група. Јас се согласувам дека тоа можеби е прашање кое што задира одредени структури и можеби е тоа прашање кое треба да се разгледува меѓутоа не во оваа работна група. И не сега. Сега она што е најважно е првенствено што е задачата на оваа работна група за да овозможи она што значи задача од меѓународните организации односно Европска унија.“, рече Николовска.

Работната група изминативе неколку средби работеше на усогласување на Деловникот за работа и материјалите кои ќе се користат. Утре ќе има нова средба и се очекува да почнат со работа во изготвувањето на нацртот на иницијативата за уставните измени а потоа да се достави во Владата.

Поврзани новости