Полицијата фати осуденик кој избегал од затворот од Штип

by Fokus

Граничната полиција ноќеска пет минути по полнќ фатила осуденик кој избегал од штипскиот затвор, соопшти Министерството за внатрешни работи. 

„Денес на автопат А1, во правец од Неготино кон Градско, во близина на „Црвени брегови“, од страна на полициски службеници од Полициска станица за граничен надзор Михајлово при Регионален центар за гранични работи Југ е лишен од слобода Р.Џ.(26) од Штип. Тој бил баран по распишана потерница од КПУ Затвор Штип, каде избегал додека издржувал казна затвор. Р.Џ. е приведен и спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Штип за доиздржување на казната“, соопшти МВР

Поврзани новости