По денешните обвинувања од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, со демант се огласи и прозваната фирма Тотал инжинеринг, чиј управител е братот на премиерот Заев, Вице Заев. Во демантот од фирмата забележително е што речникот е сличен со оној во партиската реакција на СДСМ.
-За изнесените невистини ќе следува соодветна судска постапка, а во меѓувреме јавно ги повикуваме институциите (обвинителството и финансиската полиција), но и сите невладини организации кои се занимаваат со отчетност и транспарентност, да ги истражат детално обвинувањата на Мицкоски и јавно да се произнесат дали Тотал инжинеринг има каква било индиректна или директна релација со евентуални тендери во државни или јавни институции, се вели во демантот од фирмата на Вице Заев.
Претходно во реакцијата на СДСМ го побара истото:
-Во име на вистината, ги повикуваме сите надлежни институции и невладини организации коишто се бават со антикорупција да се заинтересираат за измислениот случај на Мицкоски и за тоа да ја информираат јавноста.
Во демантот на Тотал инжинеринг уште се вели дека фирмата веќе нема своја механизација, бидејќи неодамна ја продала.