Туфекџиќ: Одењето на протести на членови на Владата е за изворно да ги слушнат барањата на граѓаните

by fokus

Пратненичката Ивана Туфекџиќ во денешното гостување на телевизија Канал 5 рече дека одењето на протести од страна на министри и владини функционери е со цел тие изворно да ги слушнат барањата на граѓаните.

-Јас изразувам поддршка за утрешниот протест по повод Први мај. Сметам дека државата, односно ние како преставници на владејачко мнозинство имаме должност да ги слушнеме барањата и да ги исполниме тие барања. Што се однесува до тоа дека претставници на власта одат на протести, условно некој ќе рече против самите себе, не мислам дека е така. Мислам дека е за да се слушнат изворно барањата и да се дискутира со граѓаните, рече Туфекџиќ.

Поврзани новости