Ангелова: Јас и Стојанче не покажавме страв, тоа и ги нервираше

by fokus

Сопругата на Стојанче Ангелов во вечерашното гостување во емисијата „Лица“ на телевизија 1, Јасминка Ангелова зборуваше за годините додека на власт беше ВМРО-ДПМНЕ и таа и нејзиниот сопруг живееле под закани. Рече дека им доаѓале курири за да ги предупредат дека им се спремаат кривични пријави или нешто друго.

-Тие се луѓе познаници, кои ни се пријатели и не познаваат, кои слушнале дека нешто се подготвува и доаѓаат да ни кажат. Во поглед на заштита на домот, на возилата. Имаше повеќе предупредувања. Ние долго време го живеевме тој живот под стрес. Но, и двајцата сме цврсти и не покажавме страв и мислам дека тоа нив ги нервираше. Сепак, бевме многу внимателни и претпазливи, тоа е и наша професионална деформација. Мислам дека знаеја со кого си имаат работа, наидоа на цврст ѕид, рече Ангелова.

Поврзани новости