Заменик-министерот Колемишевски формирал фирма за канабис со семејството на Свето Пивара!

by fokus 12:45
12:45

Кирил Колемишевски, кој беше избран за заменик-министер за економија при последната владина реконструкција кон средината на годинава, поседува удели и акции во неколку друштва, од кои дел се стекнати во тековната 2019 година.

Според податоците на „Фокус“ обезбедени од надлежните институции, во некои компании Колемишевски е партнер со странски државјани, меѓу кои се друштвото за наплата на долгови „Прајм Колект“ и за трговија „БКМ Инвест“.

- Advertisements -

Во други субјекти, пак, тој има домашни партнери, како што е случај со фирмата за медицинска марихуана „М-6 ЕДЕН ГРИН“ формирана годинава, каде доминантен партнер е субјект од групацијата „М-6“, поврзана со семејството на бизнисменот Светозар Јаневски.

Згора на тоа, двете страни поседуваат акции во АД „Аутомакедонија“

Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК