Фирмата ќе го казни вработениот кој нареди вчера на Водно да се прегазат граѓаните што протестираа

by Fokus

Од МАКЕДОНСКИ ЕНЕРГЕТСКИ РЕСУРСИ Скопје во државна сопственост, од изведувачите на градежните работи на Водно побарале да преземат соодветни мерки против вработениот за неговото несоодветно однесување кон претставници на граѓанските здруженија.

„Потенцираме дека МЕР АД Скопје, постојано ги следи реакциите на граѓаните и ги презема сите мерки, со цел да не се повторат вакви или слични инциденти при реализација на проектот за гасификација на Република Македонија. Исто така, Ве информираме дека, како и досега, МЕР АД Скопје и натаму останува отворен за дебата со граѓанските здруженија и со сите засегнати страни, со цел заеднички да најдеме соодветно решение кое ќе биде во интерес на сите, а кое нема да ја одложи реализацијата на проектот за гасификација на земјата – проект кој е еколошки и кој ќе има сериозен позитивен ефект за животната средина – се наведува во соопштението од компанијата.

Поврзани новости