Фирмата „Бест веј инвестмент“ формирана од Мијалкови донира неколку илјади тестови за корона на Министерството за здравство

by Fokus

Фирмата „Бест веј инвестмент“ формирана од Мијалкови донира неколку илјади тестови за корона на Министерството за здравство. Компанијата претходно се спомнуваше како дел од „Дивелоп груп“ која пак е сопственик на хотелот Мериот во Скопје, пренесува Призма.

Од јуни годинава, семејството на Сашо Мијалков е сопственик на третина од „Дивелоп груп“ и со тоа на третина од хотелот, додека остатокот му припаѓа на бизнисменот Александар Ивановски познат и како Алек Теранова.

Ивановски постојано беше поврзуван со бизнис-интересите на ВМРО-ДПМНЕ, впрочем тој ја почна изградбата на „Мериот“ во времето кога партија беше најсилна.

Во 2007 и во 2008 откупил две парчиња земја на местото каде што денес е хотелот, а за да ја заокружи градежната маркичка, потребно било да го купи и соседното државно земјиште.

Со оглед дека поседувал повеќе од 30 проценти од целата градежна парцела, се квалификувал да ги откупи останатите 793 државни квадратни метри во непосредна спогодба или популарно кажано со договор во четири очи.

Повеќе за темата прочитајте на линкот.

 

Поврзани новости