Седум нови случаи на корона вирус во Прилеп

by Fokus

Во Прилеп денеска се регистрирани седум нови случаи на заболени од Ковид-19 и по еден случај во општините Долнени и Кривогаштани, односно во селата Заположани и Боротино, соопштуваат од прилепската локална самоуправа.

На Инфективното одделение во прилепската болница „Борка Талески“ моментално се хоспитализирани 19 лица позитивни на корона вирусот. Двајца од нив се на кислородна поддршка, а другите се со стабилна клиничка слика. Четири пациенти се сомнителни на корона вирус, земен им е брис и се чекаат резултати. Во самоизолација се наоѓаат 334 лица.

Со седумте новозаболени лица, во Прилеп вкупно се регистрирани 124 лица, а досега починаа три лица. Локалните власти вчера информираа дека излекувани се седум лица.

Инаку, во текот на изминатото деноноќие, три лица не го почитувале полицискиот час и ќе им биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани новости