Фирма за брашно се оградува од видеото со кое се исмева Павле Богоевски

by fokus

Фирмата „Кадино Индустри Груп Дооел увоз извоз“ реагира на тоа што нивна реклама е злоупотребена во хајката што се води против пратеникот, Павле Богоевски. Од фирмата испратија реакција до медиумите каде велат дека со видеото „Нашето тајно оружје“, објавено на социјалните мрежи се нарушува нивниот углед и додаваат дека рекламата е наменета за нивниот основен прехрамбен производ, брашното.

„Друштво за производство и промет КАДИНО ИНДУСТРИ ГРУП ДООЕЛ увоз-извоз, целосно се оградува од видеото под наслов „Нашето тајно оружје„ кое е пласирано во јавноста од страна на профилот РЕМЕТ МК. Имено, оригиналното видео е преземено од страна на горенаведениот портал без претходна согласност од страна на   КАДИНО ИНДУСТРИ ГРУП. КАДИНО ИНДУСТРИ ГРУПДООЕЛ увоз-извоз е реномирана фирма која долги години работи на македонскиот пазар и пошироко и е позната по своите високо квалитетни производи,  па поради тоа употребата на нашата реклама и лого во материјал кој рекламира психотропни супстанци претставува сериозен атак врз долгогодишното работење на КАДИНО“, соопштија од фирмата.

Поврзани новости