Филипче за случајот со вакцините: Ќе се справиме со ова и ќе докажеме дека сме сериозна власт

by fokus

Министерот за здравство, Венко Филипче денеска одржа прес-конференција за грешката на „Македонија лек“, кај која се пронајдени вакцини со постар датум за користење.

Тоа наиде на бурни коментари кај македонската јавност, а министерот апелираше на смирување и вети дека проблемот ќе биде решен.

„Ја контактиравме компанијата и добивме информација дека тие спровеле внатрешна истрага. Нема да дозволиме ништо да го покрива угледот на нашиот здравствен систем. Правиме се да го вратиме угледот. Ќе ги преземеме сите мерки да се справиме со ова, да укажеме за тоа каков проблем се јавил и ќе преземеме се што треба за да докажеме дека сме сериозна власт. Отприлика еден процент од вакцините се со декларација на којашто има постар датум“, истакна Филипче.

Поврзани новости