Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција истакна дека Комисијата за заразни болести изработи научни претпоставки за тоа како може да се движи состојбата со вирусот.
-Согласно нашите трендови во периодот кој претстои се очекува понатамошна стабилизација на ширењето на корона вирусот. Меѓутоа сме свесни, дека целосно исчезнување на вирусот тешко е да се очекува. Оттаму држењето на бројот на ново заболени под контрола, капацитетите на болниците во добра состојба и почитување на мерките за лична заштита се индикатори кои е исклучително битно да се пратат апсолутно во секој момент. Согласно сегашната состојба во следните два месеци очекуваме најзначајно намалување на ширењето на вирусот, а индикациите на кои се темелат овие претпоставки се следните, најсилни изразени пост карантински мерки, затворените граници и неможноста да имаме импортиран случај, значи само случаи со локална трансмисија. Денашните и вчерашните случаи се поврзани со еден мал настан во Скопје, рече Филипче, кој додаде дека вообичаено ваков тип на белодробни епидемии траат меѓу 8 и 12 недели, а сега сме во 11 недела.
Тој истакна дека нешто што очекуваат да придонесе за ослабнување на вирусот се високите температури.