Филипче: Вирусот се смирува, но и понатаму е непредвидлив

by Фокус

Министерот за здравство Венко Филипче вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека вирусот во последните неколку дена се смирува, меѓутоа, како што порача, вирусот и понатаму е непредвидлив.

-Има многу претпоставки за вирусот, не само кај нас, туку секаде во светот. Дали може да се каже што ќе се случува во следниот период, колку ќе трае овој бран. Тоа што се случува кај нас е да има намалување на притисокот на пациенти во болници. За разлика од првите денови од ноември кога притисокот беше огромен – рече Филипче.

Поврзани новости