Заев ја осуди блокадата на опозицијата на парламентот: На граѓаните им треба помош

by Фокус
Премиерот Зоран Заев вечерва оцени дека обидите на опозицијата да се блокира работата на Собранието во услови на светска пандемија е опасно, срамно и неодговорно однесување.
„Очигледно Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, отсуството на свој став, мерка, предлог или политика сакаат да го надоместат со тоа што ќе предизвикаат штета на граѓаните, во време кога им е неопходна помош од државата. Се обидуваат да блокираат носење на закони среде пандемија со коронавирусот, меѓу кои и оние за ваучерите од 6.000 денари, за помош на пензионерите, самохраните родители, слободните уметници и филмски работници, како и мерките за помош на лозарите. Апелирам да се повлече ова бесмислено ставање сопки и кочење на работата на Парламентот и да се прифати можноста, како и насекаде во светот, за онлајн работа на далечина“, напиша Заев на Фејсбук.
Тој нагласи дека народот има потреба од функционално Собрание и оти секоја политичка партија, како што посочи, треба да ги застапува интересите на граѓаните.

Поврзани новости