Филипче со совет до мајките кои се позитивни на вирусот и ги дојат своите бебиња

by Fokus

Министерот за здравство, Венко Филипче преку својот профил на Фејсбук упати совети за мајките кои се позитивни на корона вирусот и ги дојат своите бебиња.

Мајките кои се суспектни или COVID-19 позитивни можат безбедно да ги дојат своите бебиња, треба и пожелно е, бидејќи ако…

Publiée par Венко Филипче sur Jeudi 6 août 2020

„Мајките кои се суспектни или COVID-19 позитивни можат безбедно да ги дојат своите бебиња, треба и пожелно е, бидејќи ако се престане со доењето, ќе се намали и количеството мајчино млеко, а со тоа и заштитните фактори коишто ги содржи.

Мајчиното млеко содржи антимикробни фактори: секреторен ИгА, ИгМ, ИгГ, олигосахариди, лизозими, леукоцити и таканаречени цитокини и антиинфламаторни фактори“, истакна Филипче.

Фото – Томислав Георгиев

Поврзани новости