816
Ново едукативно видео за значењето на маската постави на социјалните мрежи министерот за здравство, Венко Филипче.
На видеото може да се забележат луѓе на различна возраст, кои носат маска, а Филипче уште еднаш порача:
„Носам маска затоа што сум одговорен, затоа што така се борам и помагам, затоа што ги почитувам здравствените работници“, напиша тој.
Во нашата земја во последните неколку седмици рапидно расте бројот на заразени од корона вирусот, а се очекува зајакнување на мерките за заштита на населението од опасната зараза.