Австрија потврди: Напаѓачот кој го изврши терористичкиот напад потекнува од Северна Македонија

by Fokus

Австрискиот министер за внатрешни работи Карл Нехамер денеска потврди дека напаѓачот кој синоќа го изврши терористичкиот напад во центарот на Виена потекнува од Република Северна Македонија.

Нехамер рече дека напаѓачот, кој беше убиен од полицијата, имал 20 години, имал македонско потекло и бил осуден за терористичко здружување.

Тој за агенцијата АПА изјави дека терористот имал австриско и македонско државјанство.

Главниот уредник на списанието „Фалтер“, Флоријан Кленк претходно објави дека напаѓачот е Албанец од Северна Македонија, роден и израснат во Виена.

– Тој бил опремен со лажен појас за бомби, автоматска пушка, пиштол и мачета, оружје со кое го изврши грозоморниот напад врз невини граѓани, нагласи Нехамер.

Тој рече дека биле извршени претреси во околината на напаѓачот, поточно бил извршен претрес во 15 станови и оти се уапсени неколку лица.

Поврзани новости