782
Министерот Венко Филипче денеска уште еднаш најави дека веќе од следната седмица Владата ќе почне со подотовки за враќање на граѓаните и стопанството во вообичаениот животен тек, откако ќе бидат укинати рестриктивните мерки поради корона вирусот.
-Многу е битно што имаме линеарен пораст на бројот на пациенти. Се надеваме дека ќе успееме да го амортизираме ударот во смисла на бројка на пациенти што се примаат во болниците. Ние постојано ја следиме состојбата и во согласниост со тоа ги носиме одлуките. Веќе од почетокот на следната недела ќе почнеме да се подготвуваме за денот кога нашите животи постепено ќе почнат да се враќаат во нормала, кога ќе продолжи работниот процес во секоја компанија, ресторан, продавница, рече Филипче.