Филипче: Следната година ќе започнат примпремни работи за нов Клинички центар и градска болница

by Фокус

Буџетот за здравството за наредната година ќе изнесува 6,3 милијарди денари, што е за 300 милиони денари повеќе од оној за годинава, изјави министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција на која го презентираше буџетот за наредната година.

Стратешка цел за наредната година, како што рече тој, се набавка на инсулинот, вакцини и лекови за ретки болести, медицинска опрема, подобрување на инфраструктурата, завршување на капиталните проекти и почнување на припремните работи за новиот Клинички центар во Скопје и новата градска болница во Општина Аеродром.

Тој најави и дека ќе продолжи и зголемувањето на платите и тоа за 10 отсто за лекарите специјалисти и 5 отсто за медицинските сести во јануари годинава, а останатите здравствени работници зголемување од 5 отсто ќе добијат од септември наредната година.

-Ова се со цел да го подигнеме квалитетот на здравствената заштита и да го подобриме пристапот до неа за сите наши граѓани – рече Филипче.

 

Поврзани новости